„Гугл“ ќе инвестира во новинарството

Компанијата „Гугл“ ќе вложи 150 милиони евра во унапредување на односите со европските медиумски куќи и идејата веќе наиде на позитивни реакции.

Според соопштението од компанијата, финансиските средства ќе бидат инвестирани во следните три години и тие ќе бидат наменети за промоција на дигитално новинарство.

Засега во проектот се вклучени осум медиумски куќи: германските Frankfurter Allgemeine Zeitung и Die Zeit, британските The Guardian и Financial Times, шпанскиот El Pais, францускиот Les Echo, италијанскиот La Stampa и холандската мрежа NRC.

Комапнијата ќе основа и работна група Digital News Initiative, преку која ќе преговара со медиумите. Нивните размислувања би можеле да доведат до тоа „Гугл“ да ги промени сопствените производи како порталот Google News.