Осигурителните компании лани оствариле 7,6 милијарди денари бруто полисирана премија

Осигурителните компании во Македонија во текот на минатата година остварија бруто полисирана премија од 7.629.423.000 денари од кои во делот неживотно осигурување е 88,36 отсто или  6.741.094.000 денари, а во животното осигурување остварена е премија од 888.329.000 денари,пренесува МИА.

Од 11-те осигурителни компании кои работат на македонскиот пазар, најголема бруто полисирана премија има остварено Триглав 16,98 проценти или 1.144.928.000 денари, на второ место е Македонија со 867.763.000 денари и на трето е Винер со 703.263.00 денари бруто полисирана премија во делот на неживотно осигурување.

Во вкупно остварената бруто полисирана премија најголемо учество или 3.542.856.000 денари се остварени од автоодговорноста на автомобилите, следи осигурување на имот со 917.290.000 денари, потоа каското кај моторните возила со 690.130.000 денари, осгирување од незгода со 580.807.000 денари, осигурување имот од пожари и други непогоди со 460.685.000 денари…

Во делот на животното осигурување најголем удел од 43,32 отсто има Корација која има вкупно бруто полисирана премија од 384.706.000 денари, потоа Граве со 41,83 отсто и вкупно бруто полисирана премија од 371.554.000 денари, 9,37 отсто од вкуната со 83.209.000 денари е Винер, со 5,26 отсто Уника и Македонија осигурување со 0,24 проценти учество во остварената бруто полисирана премија.

Во делот на животното осигурување на македонскиот пазар работат пет осигурителни друштва.