
Сотир Костов, колумнист во „Дневник“, во своето гостување во Алсат телевизија истакна дека Зоран Заев ги обесчестил доказите и ги обезвреднил само за да не биде осуден и потенцира дека е докажано дека Заев издал и државна тајна.
-Тоа требаше на суд да оди. Тоа требаше многу сериозна работа да биде. А не вака, кликни-клипче, кликни- овој прашува, оној одговара. Не, сериозен претендент за власт, да симне некој од власт, ќе постапеше како Бранко во 2001-ва. Секоја чест! Отиде во Собранието и објави. Сетете се и таму аболиции паѓаа. Како за Заев падна аболиција, рече Костов.
Тој обвинува дека овој човек ја воведе шпионажата во дневната политика.
-Кога дома седам и пишувам колумна, а доцнам и ќе ми префрлат нешто што не е во моја должност да направам викам „Ќе ве обесам“, „Ќе ви направам ова или она“. Завршувам, доаѓаат ме гушкаат децата знаат дека не сум таков. Во штабови кога сум работел, кога сме губеле сум викал „Овој ќе го одерам“, „Овој ќе го обесам“. Јас убив некого? Најдовме некого во ендеците?, вели тој за Алсат.
Тој потенцира дека во разговорите кои Заев ги објавува има многу малку упаѓање во збор, како што тоа реално се случува кога двајца разговараат. Тоа според него алудира на copy-paste.
-Заев влета во една авантура, спиралата на пропастот СДСМ да ја префрли на спирала на пропаст на државата. Господинот Героски рече “нема стратегија уште докрај“, па зошто нема, секој ден Заев ја менува стратегијата. Господине Героски, вие сте влијателен човек посочете му на господинот Заев да се врати во Собранието, најголемата моќ во демократијата е таму, рече Костов.