
Продолженото време на продажба на алкохолот според законските обврски важи од први мај до крајот на септември.
Алкохолните пијалоци од денес во трговските објекти ќе се продаваат од 6 до 21 часот, наместо до 19.
Според законските одредби, продолженото време на продажба важи од први мај до крајот на септември.
Забраната за продажба на алкохол на бензинските пумпи и на малолетници и понатаму останува.
За оние кои нема да го почитуваат законското решение предвидени се санкции – забрана за вршење дејност и парична казна до 5.000 евра.