
На официјалната Фејсбук страница- ИнфоЗдравје, Министерството за здравство денеска ги потсети граѓаните на вообичаените препораки за умерено консумирање храна и алкохолни пијалоци за време на првомајските празници, со цел избегнување појава на здравствени потешкотии.
Воедно, упати потсетување до граѓаните дека возењето во алкохолизирана состојба е забрането и опасно по животот на самите возачи, нивните сопатници, а претставува потенцијална опасност за сите останати учесници во сообраќајот.
Со апел за совесно и одговорно однесување со кое ќе се овозможи пријатно и мирно одбележување на празникот, Министерството за здравство го честита празникот на македонските граѓани.