ВИДЕО: Првата југословенска реклама

Денешните реклами се брзи, гласни, кратки, полни со звуци и боја. Сепак, не било секогаш така. Нема да верувате, но ова е една од првите реклами од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, снимена во 1926-тата година во Белград, а рекламира паста за заби.

Рекламата трае неверојатни 7 минути и 42 секунди, а била снимена во Белград во 1926-тата година. Во главните улоги биле девојките Наталија и Милица. Додека Наталија е кралица на плажата, секогаш окружена со мажи, Милица мажите ја избегнуваат и секогаш е сама, а не ја знае причината за тоа.

Таа потоа одлучува да побара совет од Наталија, која открива дека тајната е во пастата за заби. Рекламата била снимена во Белград, а ја режирал Јосип Новак.

Милица ја глумела Љубица Буба Вељковиќ, а Наталија ја глумела Невенка Урбанова, позната актерка од белградскиот театар.