
Околу 300 Украинци се наоѓаат во заробеништво на сепаратистите во Донбас, јави ТАСС, повикувајќи се на изјава на Јуриј Тандит, раководител на центарот за соработка за ослободување на заробеници и заложници при Службата за безбедност на Украина, пренесе МИА.
– Велиме околу 300, но се надеваме дека се повеќе, бидејќи има и голем број лица кои се сметаат за исчезнати, по кои исто така трагаме, рече Тандит.