
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски е реизбран на претседателската функција во партијата која ќе ја предводи и во следните четири години.
Груевски го доби четвртиот четиригодишен мандат во кој ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ со 528 гласа „за“.
Како што беше соопштено, од 560 делегати, гласале 529 на 15. конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржува во Куманово. 528 гласале „за“, а едно ливче било неважечко.
Во тек е говорот на премиерот Никола Груевски кој може да го следите на следниот линк.