
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на 15.конгрес во Куманово, потенцираше дека покрај повикот за концесионер за патот Кичево-Гостивар, обезбедена е финасиска конструкција за оваа година да почне изградбата на експресниот пат со четири ленти Градско- Прилеп.
Тој посочи дека ист таков пат ќе се гради од Штип-Кочани, Охрид- Пештани, а следната година и Ранковце-граница со Бугарија и Штип Радовиш.
-Ова и уште поголем број градби и реконструкции на помали патишта кои се во план, ќе даде дополнителна енергија на градежниот сектор, кој сигурно ќе ја зголеми вработеноста, а долгорочно овие патишта ќе влијаат на развој на економијата, истакна премиерот.
Груевски посочи дека во енегетиката ќе продолжи развојниот циклус на повеќе проекти, кои исто така ќе продуцираат развој и вработувања.