СДСМ со иста кампања како порано и со истите изјави на Црвенковски

Според премиерот Никола Груевски, опозицијата е таа која има најмалку право да говори за слободата и демократијата во државата.

-Ако погледнете наназад ќе ги видите истите нивни кампањи и во периодот помеѓу 1998 и 2002 година. Буквално истите. Пред некое време ми донесоа и изјави на Црвенковски од тоа време, како и кампањи на невладините на Сорос, и не ми се веруваше, комплетно истите изјави, истиет активности, истите обвинување за немање демократија и слобода. И тогаш немало демократија. Зошто? Затоа што тие тогаш не беа на власт. Најголема демократија има кога СДСМ е на власт. Но, сето ова е заради нивното поимање на слободата,. Суштинската разлика меѓу нас не е дали има слобода или нема,  додаде тој.

Јас тврдам, рече тој,  дека има и слобода и демократија, и тоа многу повеќе од некои други земји. Туку, суштината е во тоа како ние, а како тие во СДСМ ја разбираат слободата.