Видео: Никола Груевски гласаше на 15. конгрес на владејачката партија

Актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес гласаше на 15. Конгрес на партијата кој се одржува во Куманово, а каде ќе биде избран претседател за следниот четиригодишен мандат.

Премиерот Никола Груевски е единствениот кандидат за претседателската позиција. Зад неговата кандидатура  се потпишаа интелектуалци, основачи и актуелни партиски функционери, меѓу кои и режисерот Љубиша Георгиевски, Мане Јаковлевски, Филип Петровски, Бранко Саркањац, Сашко Кедев и други.

На Конгресот учествуваат 560 делегати кои треба да изберат претседател на партијата за следниот четиригодишен мандат.