Кривична за нарко дилер од Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.И.(43) поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

На 09. октомври минатата година од страна на полицијата бил извршен претрес во домот на пријавениот каде биле пронајдени и одземени 40 милилитри метадон. Пријавениот метадонот го набавувал од лица од Прилеп во шишиња од по 10 милилитри и го продавал на наркозависници од Битола за 1200 денари.