
Просториите на Радио слободна Македонија синоќа за време на протестите пред Владата на Република Македонија беше мета на напад.
Од таму ја информираат јавноста дека овој напад е обид на уште едно заплашување и попречување на новинарската слобода.
Во продолжение следува нивното соопштение:
Во повеќе наврати РАДИО СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА беше цел на провокации, напади и попречување на професионално извршување на работата. Персоналот и новинарските екипи , на повеќе пати се вербално малтретирани, провоцирани и биле цел на опструкции со цел нарушување на основите човекови вредности и права. Вчера вечер (05.05.2015 година) дојде и до физички напад и кршење на просториите на РСМ во кој се нанесе материјална штета од страна на дел од протестантите пред владата на Република Македонија. Поголем дел од медиумите кои пренесуваа и лиферуваа креирани информации околу настаните пред Влада воопшто не го пренесоа нападот врз РСМ што јасно укажува дека настанот бил планиран и координиран од страна на група која се обидува да изврши притисок врз медиуми кој е во приватна сопственост и непристрасно се занимава со информирање на јавноста во врска со дневно политичките настани.
Како тим на професионалци кои непристрасно си ја извршуваат својата работа го осудуваме овој напад врз РСМ и сметаме дека на некои очигледно целта им била да го „згаснат информативниот прозорец во јавноста кој освен што професионално, навремено и непристрасно си ја извршува својата работа, а со тоа предизвикува физичка пресметка од страна на оние кои не сметаат за нивни не истомисленици и со тоа покажуваат каков е нивниот начин на пресметка со медиумите кои не се под нивна контрола“.
РСМ ќе продолжи професионално и навремено да ги извршува своите работни обврски и нема да потпадне под притисоци од ваков вид. Нашата единствена цел како независен медиум е да ја информираме јавноста и да ја задржиме нашата професионалност.