Сите нерасветлени убиства во времето на СДСМ

Синоќешните насилни протести пред македонската влада, кои опозицијта ги организираше наводно поради обидот на власта да го прикрие трагичното убиството на Мартин Нешковски, нема никаква логична оправданост, особено поради фактот што убиецот е пронајден и за делото е осуден на максимална затворска казна од 14 години.

Но, гласните поддржувачи на опозицијата и поддржувачи на човековите права, ги немаше да организираат протести кога во времето на владеење на СДСМ, беа забошотени и никогаш не се расветлија бројни сомнителни убиства и самоубиства, како случајот со убиствата на телохранителот Драган Глигоров, полицајката Тања Павловска, бизнисмените Наим Лесковица и Спирос Куцурелос кои беа сведоци или засегнати со атентатот на Киро Глигоров. Потоа, без јасна завршница беше и смртта на новинарот на „Глас“ и „Дело“, Љупчо Атанасовски кој ја критикуваше власта на СДСМ, на инспекторот Спасе Атанасов кој зборуваше за шверцот кон Србија, на Трајан Беќиров кој беше жртва на полициско насилство во пролетта 2006, и на други лица кои починаа под неразјаснети околности.

Сомнителна смрт на полицајци кои зборувале за шверцот на СДСМ

Некаде 1994 г. пред Прилеп се случи сообраќајна несреќа во којашто со сето семејство загина службеник на МВР, за кој постоеја сомневања дека анонимно доставува информации до тогашните опозициски медиуми.

Во Кочани, пак, полицискиот инспектор Спасе Атанасов “се самозастрела” откако јавно проговорил дека ембаргото кон СРЈ со крши со амин од политичари во власта.  Министер за внатрешни работи тогаш бил Љубомир Фрчкоски.

СДСМ не го расчисти убиството на бремената Албанка во 2003 година

Во 2003-та во неуспешна акција за апсење на Саид Рушити полицијата уби 26-годишна бремена Албанка. МВР истиот ден соопшти дека започнува пресметката со криминалните банди. Акцијата, во која учествувале и два хеликоптера “ми 24” на АРМ, почнала по претходни сознанија на полицијата дека криминалецот Рушити, кој два дена пред тоа бил тешко ранет во престрелка со соперничка криминална група, по хируршките интервенции во приватната амбуланта “Галаксија” во Мала Речица бил однесен во својот дом во селото Раковец.
Во моментот кога етнички мешана полициска патрола влегла во селото Раковец, две групи од две страни отвориле оган кон полицајците. Десетина цивили вооружени со снајперски пушки, рачни ракетни фрлачи “зољи” и пушкомитралези пукале во патролата. Полицајците, меѓу кои немало повредени, возвратиле на нападот, но напаѓачите погодиле една девојка од селото, која починала на самото место. Бандитите се повлекле, а некои од нив го оставиле оружјето. Полицијата влегла во селото, но не го нашла Саит Рушити.

Во тоа време министер за внатрешни работи беше Хари Костов.

СДСМ прикриваше убиство на тинејџер

bekirov12

Во мај 2006 година, 18 дена немаше ни трага ни глас од 16-годишниот Трајан Беќиров. Полицајците го бркале, па завршил удавен во Вардар. Остро реагираа единствено ромските невладини организации, a полицијата молчеше и ги заштити припадниците на МВР. Владата на СДСМ во целост ја игнорираше оваа тема и ја прикриваше одговорноста за убиството која воопшто не беше лоцирана.

Беќиров исчезнал кога бегал од полициските Алфи. Дента кога се случил инцидентот Трајан заедно со неговиот другар Орхан Исени застанале да се греат на оган од запален контејнер до автобуската станица во Карпош 4. Слушнале истрели и почнале да бегаат.

Од телото на младиот Трајан Беќиров по извршената обдукција на Институтот за судска медицина недостасувале повеќе витални органи, а на местото на мозокот имало хартија, соопшти тогаш Мухамед Точи од Невладината ромска организација Месечина од Гостивар.

Во тоа време министер за внатрешни работи беше Љубомир Михајловски.

Полицајката Павловска се самоубила со три куршуми?!

policijaaaaa500

Во деведесеттите се случија најмалку четири мистериозни убиства поврзани со атентатот на Глигоров кои никогаш не добија јасен крај – последното на Тања Павловска (1998), која беше најдена во округот на МВР со прострелна рана во челото – спротивно на сите експертски мислења полицијата го заведе како самоубиство.

Официјално, сè уште МВР го води случајот како самоубиство. Меѓутоа, полицискиот извештај од самото место каде што била пронајдена, најверојатно направен од увидна екипа којашто сè уште не била инструирана што треба да стои во записникот и за кого станува збор, фрла голем сомнеж врз официјалната верзија за трагедијата. Имено, полициски извори велат дека Павловска била пронајдена во последните улички во населба на падините на Водно, со три прострелни рани и со покриена глава?!

Што е причината  (само) убиството на Павловска да биде поврзувано со атентатот врз Глигоров? Таа беше припадничка на Секторот за следење комуникации, поконкретно на изготвување известувања од прислушувањата. Неделникот Форум пишуваше дека извор многу близок до неа и кој имал неколку контакти во периодот пред убиството, тврдел дека Павловска му соопштила дека таа од некои лица од безбедносните служби добила понуда што не можела да ја одбие, таа најверојатно веќе ја чувствувала опасноста по личната безбедност.

Но, во случајот на Павловска постои уште една информација. Имено, имајќи пристап до материјалите од следењето на комуникации и прислушувањата со кои во тој период беа опфатени дури и министерствата заради спречување на истекување информации во полза на тогашната опозиција, таа дошла до многу значајни податоци. Во тоа време, имено, се случува буквалната купопродажба на Министерството за градежништво (се споменуваат 4 милиони германски марки) од премиерот Бранко Црвенковски кој ресорот што дотогаш го водеше кадар на неговата СДСМ го отстапи на коалиционата ПДП. И, според изворите на Форум, тогаш се случува отпочнувањето на “државно” криумчарење дрога за западноевропскиот пазар преку приватни туристички и транспортни фирми. А парите кои се добивале од продажбата на дрогата, се користеле за купување оружје за војната што ОВК ја водеше подоцна на Косово.

Во тоа време министер за внатрешни работи беше Томислав Чокревски.

Остана нерасветлено убиството на Диме Ицковски Поштарот

6370

Убиството на Диме Ицковски Поштарот во 2003 година до ден денеска не е расветлено и не е пронајден сторителот осум години не доби одговори – кој и зошто го изрешета 35-годишниот Диме. Диме беше егзекутиран со повеќе од 30 куршуми. Два дена пред убиството Диме бил во ТВ „Сител“ за да му каже на главниот уредник дека му се подготвува егзекуција. МВР демантираше тврдејќи дека за Поштарот не е планирана каква било полициска акција. Тогаш реагираа само соседите, а невладиниот сектор молчеше.

Во тоа време министер за внатрешни работи беше Хари Костов.