
Откако првично ги координирала партиските протести од едно кафуле во близина на Владата, заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска отишла на лице место да има надзор врз работите и одвивањето на протестот, покажува ова видео ко е појави на социјалните мрежи, објави „Курир“.
Со ова се потврдува дека токму СДСМ и највисокото раководство на опозициската партија управува со насилните протести пред Владата, чија цел е насилно и недемократско рушење на институциите.
Епилогот од вчерашните насилни партиски протести е повредени 30-тина полицајци и четворица цивили, демолирани полициски автомобили и запалени контејнери по ескалацијата на состојбата. Во тек на протестот демонстрантите фрлаа најразлични предмети и се обидуваа да влезат во Владата.