
Иако формално Средношколскиот пленум се оградува од сите други протести што не се поврзани со образование, нивни истакнати членови и лидери кои претходниот период даваа изјави како на пример, Ѓорѓи Ставриќ беа во први редови на протестите кои се одржаа на 5. мај пред Влада.
Интегрално Ви го пренесуваме соопштението дека се оградуваат од другите протести:
…“Имено, вториот протест, закажан за 20:00 пред Владата беше откажан од безбедносни причини. Згора на тоа, Средношколскиот пленум официјално се оградува од сите протести што не се директно поврзани со лошите реформи во образованието“.
Со ова паднаа маските и се докажа дека средношколскиот пленум е само продолжена рака на СДСМ и со ова се продолжува со злоупотреба на деца за политички потреби.