
В недела ќе видиме кои тројца натпреварувачи ќе ги одберат Александра Ковач и Тончи Хулиќ, а нивни специјални гости ќе бидат две познати балкански ѕвезди.
На Александра ќе и помогне нашата Калиопи да ги одбере своите тројца претставници од групата на момци под 27 години, каде има и двајца кандидати од Македонија, Боби и Давид.
Тончи Хулиќ, менторот на бендовите, со помош на мегапопуларниот Петар Грашо ќе одбере три групи кои ќе продолжат со понатамошното натпреварување.
Во недела на Сител телевизија ќе имаме прилика да ја гледаме и втората епизода од куќите на судиите, по што продолжуваме со настапите во живо.