Ограбен колонијал во Ресен

Колонијаната продавница „Виоли“ на улица Лениново во Ресен вчера била ограбена.

Околу 21:50 часот маскирано лице со закана со пиштол извршило разбојништво над вработената одземајќи 21.000 денари.

Од МВР велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.