
Палатата на правдата во Белград утрово беше евакуирана на еден час поради лажна дојава за бомба, пишува српски „Блиц“.
Во моментов вработените и граѓаните се враќаат во судската зграда.
Инаку Палатата на правдата во Белград има седум ката и во неа се сместени трите основни кривични судови, Вишиот суд и надлежните обвинителства.