
Цело СДСМ му љубомори на градоначалникот на Куманово од редовите на СДСМ, Зоран Дамјановски – ЦИЦ за огромната, масовната посетеност на протестот кој денес го организираше во Куманово.
-Имено, за разлика од своите сопартијци во Кавадарци кои собраа 23 луѓе од кои тројца пензионери и 20 сеирџии пред кафеана, Циц собрал 134 луѓе меѓу кои имаше и насилници со фантомки од навивачката група “Кумани”. Страшно беше на протестот, за малку ќе паднеше владата кога тројцата навивачи на “Кумани” почнаа да ја пеат нивната навивачка песна, пишува порталот Инфомакс.