Автопатот Куманово кон Србија затворен за сообраќај

Поради денешниот жесток судир помеѓу Македонската полиција и вооружена терористичка група кои го затворија Куманово за влез и излез, предмалку е затворен сообраќајот и на автопатот кон границата со Република Србија, пренесува Инфомакс.мк.

Овој автопат ја поврзува Македонија со Србија, но е и дел од автопатот кој ја поврзува Србија и Бугарија со Грција. Поради безбедносни причини, автомобилите се враќаат или се пренасочуваат по обезбедени патишта.