
На страницата на социјалната мрежа „Фејсбук“ на полициската единица за специјални задачи „Тигар“ беше објавена фотографија од осумтемина припадници на полицијата кои го загубија животот во вооружениот судир во Куманово.
„ Полицајци кои ги дадоа своите животи за Македонија. СЛАВА ИМ!“, пишува на страницата на „тигрите“.
Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илиевски, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ, Горан Стојменовиќ, Жарко Кузмановски и Ненад Серафимовски се имињата на загинатите бранители.
ПОЧИВАЈТЕ ВО МИР!