
Асот на Барселона, Џерар Пике преку социјалните мрежи се пофали со колекцијата дресови кои ги има собирано во текот на кариерата. Шпанецот издвои дел од најпознатите фудбалски имиња против кои играл и со кого ги менувал дресовите.
Се чини дека стоперот на Барса внимателно одбирал со кого ќе менува дрес, па така во неговата колекција се најдоа “ексклузивите” како Тоти, Анри, Меси, Пирло, Сидорф, Роналдињо, Раул, Бекам, Буфон, Шевченко… Многу од нив директно ги чувал на терените и дресовите му служат како добро потсетување на макити кои му ги приредувале овие легенди.
Издвои и дресови кои ги добил од ривалите играјќи за Шпанија на Мундијалот во 2010 година, во Јужна Африка.