
Согласно со Програмата за одржување на коритото на река Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2015 година, по налог на Градот, екипи на ЈП „Улици и патишта“ спроведуваа активности за чистење на коритото и косините на реката Вардар и на реката Серава.
Екипите на ЈП„Улици и патишта“ во текот на изминативе месеци спроведуваа акција за машинско чистење на коритото и косините на реката Сеарава. Акцијата започна на локација кај Римскиот Аквадукт на должина од 200 метри, а продолжи со чистење на коритото и косините на реката Серава на локација помеѓу мостот на булевар Словенија и мостот на улица Шуто Оризари во должина од 364 метри. Во текот на акцијата исчистено е коритото и косините на реката Сеарава при што се извадени околу 3 700 кубни метри наноси на мил, земја, комунален отпад и нискостеблеста вегетација, коишто беа просушени, натоварени и транспортирани до соодветна локација за одлагање.
Изминативе денови екипи на ЈП „Улици и патишта“ рачно ги чистеа и косините на реката Вардар од нискостеблеста вегетација. Чистењето се одвиваше на локација од Луна Парк во правец кон мостот Гоце Делчев од двете страни на коритото.
Досега се исчистени околу 1 100 метри.