Српската медиумска пропаганда на штета на Македонија

Полициската акција за разбивање на терористите во Куманово е топ тема и во регионалните медиуми. Особено предничат српските медиуми, кои постојано излегуваат со дезинформации околу последните случувања во земјава со цел да внесат страв, психоза и тензија, кај граѓаните на Македонија.

Во српскиот весник „Курир“, денеска излезе текст со наслов „Во Тетово почнува хаос: Силни полициски сили и хелокоптери ги надлетуваат селата“.

Во текстот се вели дека во градот се распоредени силни полициски сили и дека цело време се слушаат хеликоптери кои летаат над тетовските села

„Жителите на планинските села се плашат дека сценариото од Куманово ќе се повтори и кај нив. Портпаролот Иво Котевски, не потврдил, ни демантирал дека има зголемено прсуство на полиција во овие села, но апелира до жителите да не создаваат паника без потреба“, пишува „Курир“.

Во саботата, во првиот ден од полициската акција, во српските медиуми излезе информација дека македонската гранична полиција се повлекла од границата со Србија, а границата била обезбедувана од српските специјалци.

poli

Исто така, додека се’ уште траеше акцијата на македонските безбедносни сили во Куманово, вчера повеќе српски медиуми експресно презедоа непроверена и неточна информација пласирана на некои македонски портали финансирани од СОРОС, а тоа дека наводно ситуацијата ескалирала и во скопските села Арачиново и Грушево.

ova

Оттука се поставува прашањето дали можеби оваа српска пропаганда е поврзана со неодамнешните посети на Срѓан Поповиќ и на Чедомир Јовановиќ на Скопје, кои се поврзуваат со СОРОС?

Според тврдења на новинарот Миленко Неделковски, „Срџа Поповиќ за потребите на Зоран Заев има ’увезено’ дузина ’професионални демонстранти’, во основа современи терористи, што ова го работат за Срџа низ цел свет. Тие се по потекло од Босна и Србија, а има неколкумина Црногорци“.

Неделковски за порталот Инфомакс.мк вели :

„Прибрани се сите релевантни докази што покажуваат дека зад убиствата сторени од снајперистите во Киев (Мајдан) стоела директна комуникација со Срџа Поповиќ. Сите куршуми најдени во телата на протестантите од една страна и полицајците од друга страна биле од ист калибар и од исти десетина снајпер пушки. Сите тие снајперисти биле во директна комуникација со Срџа Поповиќ и убиствата на протестантите или полицајците ги правеле по негова наредба. Зависно како требало да се насочи жестината и гневот на инволвираните страни“.