Идниот понеделник можеме да очекуваме значително поскапување на нафтените деривати во Македонија.
Проценките се дека литар гориво би можел да поскапи од еден до 3 денари.
Минатиот понеделник нафтените деривати поскапеа за 3 денари по литар па сега ЕУРОСУПЕР 95 се продава за 72 денари по литар, 98 октанскиот е два денари поскап, а дизелот се точи за 57,5 денари по литар.