
Искусниот играч за врска на Барселона, Чави Хернандес, го одигра својот 150-от натпревар во Лигата на шампионите. Со тоа стана првиот фудбалер во историјата што успеал да стигне до оваа јубилејна цифра.
Чави доби шанса за настап во последните 15 минути од синоќешниот реванш полуфинален меч од ЛШ, кога влезе како замена за Андрес Иниеста. Барселона загуби од Баерн Минхен на “Алијанц арена” со 3:2, но поради триумфот од 3-0 на првиот натпревар успеа да се пласира во финалето на Лигата на шампионите кое ќе се одигра во Берлин.