
Автомобил марка „ренџ ровер“ бил опожарен утрово на булеварот „Асном“ .
Причините за опожарувањето на возилото во сопственост на Б.Т.(62) се сеуште непознати, а огнените јазли оштетиле и возило од марката „опел астра“ кое било во непосредна близина.
Од страна на СВР-Скопје се врши увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.