
Во Општина Аеродром вчера се реализираше форум за подигнување на свеста за преземање активности (работилници, форуми, трибини, едукативни материјали) кои би дале придонес во превенција од употреба на дроги кај младите.
Целта на овој форум е организирање разни активности за третман, ресоцијализација, помош и поддршка на лицата со проблематична употреба на дрога и членовите на нивните семејства преку вклучување на релевантните институции кои функционираат на територијата на општината (училишта, градинки, здравствени институции, полиција, невладини организации и др.).
Форумот е дел од проектот „Одржување ниска ХИВ преваленца во Република Македонија, одржлив развој“, е организиран во соработка со здружението „Доверба“, а поддржан од Министерство за здравство и Глобалниот фонд во Македонија,
Присутните претставници од институциите на форумот покажаа голем интерес за соработка и креирање програми во насока на превенција на употреба на дрога кај младите и родителите, како и активности насочени кон заштита од заразување со инфективен материјал (игли, шприцеви и сл.).