
Емануел Донжон кој дошол од Франција за да присуствува на свадбената веселба, бранејќи ја сопругата го убил Раде Шефер, кој вчера со ловечка пушка усмрти шест лица во селото Мартоноша во Србија, затоа што не го одобрувал бракот на неговио син, пишува српски „Курир“.
Имено, Шефер ја повредил сопругата на Емануел во рамето, а Емануел со стол се фрлил кон него. Убиецот од силината на ударот аднал и починал на лице место. Сепак, по завршувањето на истрагата ќе биде утврдена и точната причина за смртта.
Сопругата на Донжон која се здобила со тешки повреди опасни по живот, во моментов се наоѓа во Клиничкиот центар во Нови Сад. По укажаната лекарска помош таа ќе биде задржана на одделението за интензивна нега во Ургентниот центар.
Инаку, српски „Курир“ повикувајќи се на соспствени информации пишува дека убиецо претходнаа ноќ ја поминал во полициска станица за да се отрезни, од каде тргнал во крвавио поход.