
Околку 200.000 деца на имигранти што живеат во Грција ќе може да добијат грчко државјанство врз основа на новиот предлог-закон подготвен од Министерството за внатрешни работи, објави атинскиот весник „Та Неа“, пренесе МИА.
Со Предлог-законот, кој во моментов е во фаза на јавна дебата, се овозможува децата на странци кои се родени во Грција да можат да добијат грчко државјанство.
Услов за стекнување на правото на државјанство е во моментот на поднесување на барањето, децата да учат во грчко учлилиште, наведува „Та Неа“.