Гостиварец пукал со гасен пиштол во расправија поради жена

На улица Чеде Филиповски во Гостивар, во близина на „Пазар-парк“, бил нарушен јавниот ред и мир со пукање од гасен пиштол.

Инцидентот го извршил 30-годишниот С.И. од Чегране, откако со возило „Опел астра“ со гостиварски регистарски таблички пристигнал на тоа место, започнал вербална расправија со непознато лице, кое претходно телефонски повеќе пати ја вознемирувало неговата сопруга.

Непознатиот се обидел физички да го нападне, а тогаш С.И. испукал еден куршум во воздух, по што непознатиот избегал.

Извршен е увид, пронајдена е една чаура од гасен пиштол калибар 9 милиметри, која е подигната и ќе се вештачи, а на С.И. одземен му е гасен пиштол „Екол магнум“ и изготвени му се соодветни поднесоци.