Какво време не очекува следните денови

Утре не очекува облачно време со сончеви периоди. Попладне во западните, северозападните и северните предели ќе има нестабилно време со локални врнежи од дожд и грмотевици.

Утринските температури ќе се движат од 11 до 16 степени, а максималните дневни ќе бидат од 19 до 30.

Во четврток ќе има преодно стабилизирање на времето, а во петок повторно ќе биде нестабилно со дожд и грмежи.