
Српската новинска агенција ТАНЈУГ извести дека денешниот митинг за поддршка на власта мина без инциденти.
Како што се наведува во објавеното, премиерот Никола Груевски порача дека нема повлекување и предавање и дека Македонија не може да си дозволи да има има премиер каков што е Заев, кому работодавачи му се тајни странски служби. На Македонија не и треба премиер кој „бесрамно краде и лаже им се става на располагање на странски служби и сака власт“.
Репортерот за оваа новинска агенција ја пренесува и изјавата на Груевски во која тој вели дека прислушуваните разговори се голема поука за него и дека во секое зло има и добро.
„Како партија ако не учиме од грешките, тогаш ништо не сме научиле“, вели Груевски, пренесува ТАНЈУГ, кој воедно информираше дека на митингот присуствувале 90.000 луѓе.