
Во попладневните часови пред младите луѓе во кампот на чуварите на демократијата дискутираше и одговараше на прашањата од младите министерот за информатичко опшество, Иво Ивановски во рамки на панел дискусијата на тема „Младите и иновациите“.
Освен за прашањата и дискусиите за реформите и новите мерки кои ги спроведува Министерството за информатичко опшество, младите се интересираа и за искуството на министерот за досегашната работа, неговите секојдневни навики и новитети во технологијата во светот.
Ивановски потенцираше дека денес се поделени првите ваучери за таблет компјутери за студентите, говореше за иновациите во технологиите.
Министерот Ивановски продолжи да се дружи со чуварите на демократијата преку спортски активности. Активностите на кампот на чуварите на демократијата продолжуваат и понатаму.