
Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон го продолжи договорот со екипата на Мерцедес и во клубот ќе остане во наредните три години.
Британскиот возач долго време се двоумеше, но на крајот реши да ја продолжи соработката со германскиот тим. Според новиот договор тој ќе заработува околу 33 милиони фунти по сезона.
“Мерцедес е клуб во кој работат професионалци. Ова е мојот дом и навистина сум среќен што ќе останам овде и во наредните три години. Клубот ме поддржува уште од 1998 година, што значи дека слободно ќе можам да одбележам 20 години соработка со Мерцедес во 2018 година”, изјави Хамилтон.
Според претходниот договор, Хамилтон заработуваше 20 милиони фунти по сезона.