
Еврејката Хаја Сара Шахар стана најстарата родилка во Израел и една од најстарите родилки во светот, откако своето прво дете го роди на 65 години.
Таа се обидувала да остане бремена откако се венчала пред 45 години. Бебето е родено со царски рез, а зачнато е преку ин витро постапка.
Шахар и нејзиниот сопруг Шмуел (67) успешната бременост ја припишале на благословот на рабинот.
Лекарка од болницата каде е роден малиот Меир рекла дека родилката може да дои иако е во поодмината возраст.
Најстарата родилка на светот е Индијката Раџо Деви Лохан, која во 2013. година роди бебе на возраст од 69 години.