
Во организација на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика – ИГИНП, денеска, во просториите на Министерството за надворешни работи на Република Македонија ќе се оддржи меѓународна конференција „Европската интеграција преку регионалната соработка – перспективите на европските макрорегионални стратегии“, како дел од македонското претседавање со Централно-Европската иницијатива (ЦЕИ) за 2015-та година.
Конференцијата ќе ја отвори замениик министерот за надворешни работи Драгана Кипријановска, по што свое обраќање ќе има алтернативниот генерален секретар на Централно-Европската Иницијатива, Марго Клестил – Лофер. Како учесници и панелисти се предвидени звучни имиња од регионот и Европа.