Струмичани покренаа петиција за оставка на Заев

Чуварите на демократијата и изборната волја  покренаа петиција за оставка на градоначалникот Зоран Заев. Во петицијата голем број на граѓани оставајќи го своето име и презиме побараа оставка од градоначалникот, пишува порталот Струмицаденес.

Порталот пишува дека Заев сеуште ги нема видено чуварите на демократијата и изборната волја бидејќи од поставувањето на кампот спроти Собранието на Општина Струмица, градоначалникот не се појави на работа во својот кабинет.

sr_shatori_2

Камперите демантираа дека ги напуштиле камповите, како што тврдеа некои медиуми и напоменаа дека ќе останат додека Заев не си замине од функцијата градоначалник.

Подршката на струмичани кон  Чуварите на демократијата и изборната волја постојано расте и нив им се придружија уште граѓани.

Граѓаните кои се незадоволни од работењето на локалната самоуправа и работата на градоначалникот, добија подршка и од огранокот на ГРОМ.