Телата на деветмина од „кумановската група“ заминуваат за Косово

Македонските власти денеска ќе ги испорачаат во Косово телата на деветмина Албанци, кои пред две недели загинаа во престрелките во Куманово. Меѓу нив се и телата на двајцата водачи на терористичката група – Мирсад Н’дрецај алијас командант Нато и Бег Ризај алијас командант Бегу.

Телата во Косово на деветмината припадници на „кумановската група“ ќе им бидат предадени на семејствата.

Одобрение за испорака на телата дало македонското обвинителство бидејќи обдукцијата е завршена.

Според информации од обвинителството, ќе бидат испорачани телата на Џафер Зимерај, Бег Ризај, Мирсад Н’дрецај, Валон Кабаши, Тургај Гаши, Самид Кастриоти, Хисен Рушити, Фатлум Вишесел и Арбен Реџај.