Типсаревиќ нема да настапи на “Роланд Гарос”

Српскиот тенисер Јанко Типсаревиќ го откажа учеството на Гренд Слем турнирот “Роланд Гарос” поради вирусна инфекција.

Некогашниот “Топ 10” тенисер веќе 2 години се мачи со истите проблеми, што го чинеа и пад од речиси 400 места на АТП листата.

Сепак, неговиот кам бек се очекува веќе на Вимблдон, за кој Типсаревиќ би требало да биде целосно подготвен.