Дачиќ: Меѓународната заедница сноси одговорност за македонската криза

Министерот за надворешни работи на Србија, и претседавач со ОБСЕ, Ивица Дачиќ смета дека најголема одговорност за кризата во Македонија сноси меѓународната заедница.

Тој ова го рекол во своето гостување во емисијата „Да, можеби, не’“, која се емитува на Радио-телевизија Србија.

Дачиќ дополнил дека во случајот на Македонија, какои претходно во Украина, откажал системот за ранo предупредување, како еден од инструментите на ОБСЕ.

– Кога пред три месеци бев во посета на Македонија, уште тогаш се гледаа знаците на кризата. Тука има две врсти на проблеми – политички и безбедносни, кои неможат да се одвојат бидејќи постои судир меѓу власта и опозицијата. Но, има и многу помалку изразени меѓунационални конфликти. Многу е опасна појавата на терористичките банди и човечки жртви, рекол шефот на српската дипломатија.

Тој навел дека проблемот во Македонија може да се реши со политичка воља и со овозможување на европска перспектива на земјата.

Според него, Македонците долго, со години, тапкаат во место и дека што и да сторат, не одат понатака.

– За 20 години Европската унија не организирала ниту еден состанок на тема Македонија, додека во исто време Косово е постојана тема, иако постои голема опасност од понатамошниот развој на ситуацијата во Македонија, на која Србија и посакува стабилност, оценил Дачиќ и дополнил дека целата меѓународна заедница сноси одговорност за кризата во Македонија.

– ЕУ секоја година предлага отворање на преговарачки поглавја за Македонија, а сега одеднаш постојат проблеми. Оние кои посредуваат во разговорите за решавање на кризата, треба да уживаат доверба кај сите учесници на тие разговори, рекол претседавачот со ОБСЕ.

Тој на политичките фактори во Македонија им порачува да се бават со реалноста и да ги решаваат пробемите како што е името на државата.

Прашан зошто европските функционери избегнуваат да го дефинираат вооружениот конфликт во Куманово како терористички чин или етнички конфликт, Дачиќ рекол дека постои желба кај политичираите од Европа на Балканот да се создаде граѓанско општество, нешто што, според него, не е лесно.

– Тука станува збор за навиките од деведесеттите години, а јас би сакал сите да извлечевме поуки од тој период. Ние во Србија, а особено носителите на јавни државни функции, треба да бираме зборови, бидејќи не треба да се мешаме во внатрешните работи на други држави. За тоа кој ќе биде на власт во Македонија, треба да одлучат сите граѓани на таа земја, а ние им посакуваме стабилност, бидејќи многу е лесно да се влезе во криза, но многу е тешко да излезе од неа, истакнал Дачиќ.