
ФБИ уапси двајца мажи, под сомнение дека сакале да и се приклучат на Исламската држава.
Како што наведуваат британските медиуми, едниот бил приведен на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, а другиот во Оринџ Каунти.
Портпаролката на ФБИ го потврди апсењето на двајцата во истрагата на специјалните сили за борба со тероризмот, но одби да даде детали се додека против приведените не се покрене обвинение.
Двајцата приведени денеска ќе бидат изведени пред Федералниот суд во Санта Ана.