
„Капитол Мол“ одлучи пријатно да ги изненади сите оние кои ќе го посетат. Во месецот на потрошувачите, секој викенд ќе биде исполнет со многу игри и подароци.
„Капитол Мол“ кој е семејно ориентиран и уникатен во пристапот овој пат одлучи пријатно да ги изненади своите потрошувачи.
За таа цел креираше сет на активности, игри, подароци, попусти и многу забава секој викенд до 14 јуни од 12 до 15 часот. Децата ќе можат да учествуваат во многу игри и да добиваат награди. Обезбедени се и специјални попусти за пазарување, а дел од изненадувањата и е Happy Hour со специјални намалувања на понудата во рестораните за брза храна на третиот спрат.
Со својот пријатен амбиент, „Капитол Мол“ симболизира квалитет во трговијата на мало и стана зборно место за локалното население, но и за сите кои го посетуваат. Вклучувајќи ги сите содржини кои им се неопходни на потрошувачите, „Капитол Мол“ им го обезбедува најдоброто доживување, најдобар шопинг и најмногу изненадувања.
– Нашата иницијатива да креираме месец во кој ќе ги наградиме нашите потрошувачи дојде токму како инспирација од нивното задоволство и уживање во нашиот амбиент. Тоа се наши соседи, лојални посетители и пријатели на Капитол Мол и нивната доверба и наклонетост сакавме да ја издвоиме и да ја наградиме. Наш ред е да покажеме колку ни значат, изјави Даниела Адемоска, сопственик и Генерален Директор на Капитол Мол.
Капитол Мол и натаму ќе продолжи да ги наградува своите потрошувачи и да одговара на нивните потреби, креирајќи понуди и услуги што ќе им овозможат на потрошувачите дополнителен бенефит и задоволство.