
Осумдесет бизнисмени се уапсени денеска во Турција во рамки на истрагата против поддржувачите на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, жесток непријател на претседателот Рецеп Тип Ердоган.
Полициската акција е фокусирана на централниот турски град Конија, но се спроведува и во над други 10 окрузи, наведуваат турски медиуми.
Меѓу приведените има и еден поранешен шеф на полицијата.