
Низ улиците во Белград се појави еден огромен гостин. Како што се гледа на фотографиите, вчера попладне жителите на Белград можеа да го забележат огромниот слон кој се возеше на отворена приколка, врзана за автомобил.
Српски „Курир“ пишува дека засега нема информации каде се упатил овој прилично голем гостин, ниту од каде дошол, па се претпоставува дека е член на циркус и дека за него оваа ситуација не е невообичаена.