
Екипа на итната медицинска помош вчера околу 22.00 часот во полициската станица Неготина пријавила дека истиот ден околу 19,00 часот на железничката пруга Демир Капија-Неготино, кај местото викано„Прждевски споменик“, покрај шините имало повредено лице во пределот на целото тело.
Поради сериозноста на повредите лицето е пренесено во Медицинскиот центар Кавадарци, од каде поради сериозноста на повредите со возило на ИМП е префрлено во УЦ-Скопје, но на пат починало.Се работи за 16 годишно лице-државјанин на Авганистан.