
Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт беше осуден денеска на осум месеци затвор под обвинение дека противзаконски примил пари од свој приврзаник во САД, пренесува МИА.
Тој беше осуден минатата година на шест години затвор за друго дело за земање мито, кое и стави крај на неговата политичка кариера.
Неговите адвокати изјавија дека тој ќе поднесе жалба на пресудата.
Олмерт, кој се надеваше дека ќе постигне историска мировна спогодба со Палестинците, беше принуден да поднесе оставка на почетокот на 2009 година по обвинението за корупија.