Воз прегази старец кој напасувал кози покрај пруга

На излез од железничко стојалиште Маџари кон Трубарево, воз управуван од Г.И.(1964) удрил во К.Ж.(1936) од с.Трубарево–Скопје кој напасувал кози покрај пругата.

Како што соопштуваат од МВР, инцидентот се случил вчера во 07.40 часот.

Старецот починал на лице место. Смртта е констатирана од страна на лекар од итна медицинска помош.

Увид на лице место извршила  екипа на СВР–Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.