
Специјалниот пратеник за Блискиот Исток Тони Блер се повлекува по поминати речиси осум години на таа функција доверена од т.н. Четворка – ОН, ЕУ, САД и Русија.
Поранешниот британски премиер испратил писмо до генералниот секретар на ОН Бан ки-мун во кое ја потврдува оставката.
Информацијата е добиена од извор во Ерусалим кој е запознат со работата на Квартетот, јавуваат американски медиуми.
Блер беше назначен на таа функција во 2007 година со големи надежи. Задачата му беше да помогне за развивање на палестинската економија и институции. Според американски медиуми, тој имал големи потешкотии во работата и бил незадоволен од ограничувањата при извршувањето на функцијата.